Комуналците, денеска чистат градежен шут и мешан комунален отпад на влезот во градов, наспроти бензиската од Мак Петрол, до самите куќи. Несовесни граѓани отпадот го истурале до самиот тротоарскиот дел, наменет за пешаци.
„Покрај ова, од Одделението за одржување на јавно прометните површини се врши собирање на камената ризла, по што ќе треба да се изврши миење на двосмерната улица на влезот од кај бензиската на Лук Оил, со улицата ,,Александар Македонски’’. Граѓаните да бидат стрпливи по однос на миењето на улиците низ градов, зашто „Комуналец“, одржува 73 улици, со вкупна површина од 91.276.176,00 м2, со различен степен на одржување со миење на улиците и тротоарите. Миењето на улиците започна пред два дена, заради ниските температури кои се задржаа подолго верме“, велат од ЈКП „Комуналец“.
Од оперативниот тим на „Комуналец“ информираат дека генаралното чистење со метење и миење на сите улици низ градов ќе се одвива наредниве две недели.