Комуналците денеска во и околу Спорстко рекреативниот комплекс ,,Езеро’’, прават генерално чистење на паркинзите, пешачките патеки, детските игралишта, спортскиот терен, но и околу комплексот, при што се чисти расфрлан комунален отпад, но и стари исушени шипови, капини и смреки.
Она што посебно смета, но и претставува опасност за граѓаните при прошетките низ комплексот е што несовесни граѓани од младата популација, кршат стаклени шишиња, но и оставаат отпадоци насекаде.
Со топлото време, граѓаните почесто го користат овој спортско рекреативен комплекс, затоа се замолуваат да внимаваат на чистотата и да ги одлагаат отпадоците во контејнерите и кантите за отпад, но и да ги чуваат и внимаваат на поставените реквизити и комуналната урбана опрема.