На малиот Војдан му е потребна голема помош – секоја донација е нов чекор напред

Facebook
Twitter
Email
Print

Среќно и безгрижно детство без здравствени проблеми е желба на секој родител и згрижувач на секое дете. Малиот Војдан Спасовски уште во својата прва година од животот нажалост се соочува со еден од најстрашните непријатели на денешницата – церебрална парализа.

На малиот Војдан му е потребна голема помош, затоа што секоја донација, без разлика колку голема, е нов чекор напред во неговата секојдневна борба.

Технологијата и модерните можности за неопходната интензивна рехабилитација и физикална терапија во Загреб, пропратени со редовни контроли и мултидисциплинарно следење на состојбата, константни вежби,како што е и наведено во препораката од „Поликлиниката за физикална медицина и рехабилитација“ од Загреб, се шансата Војдан да продолжи да го живее животот, којшто штотуку му започнува и којшто го заслужува како и секое друго дете.

Да ја покажеме хуманоста и човечноста уште денес за овој мал борец, и да придонесеме и помогнеме заедничкисо донирање за рехабилитацијата на Војдан, којашто се очекува да трае минимум една година, со препорачан почеток на 7 март 2022 година.

Кај заболените од церебрална парализа и оние кои се под голем ризик за развој на оваа болест, од огромна важност е сорехабилитацијата да се започне што порано со цел да се подобри состојбата и да се овозможи нормален живот.

Секој може да донира на неколку различни начини, преку повик на мобилен број, преку уплата на банкарска сметка, или преку GoFundMeме платформата.

Броевите и трансакциските сметки за донации се следните:

А1 – 143 470

Телеком – 143 145

Достапни банкарски сметки за донирање:

IBAN – MK07280107101015332

SWIFT CODE – KRSKMK2Х

Трансакциска: 280107102128795

Активен линк за донација преку платформата GoFundMe – “Vojdan’s Cerebral Paralysis Healing Therapy”:

https://bit.ly/ZaVojdan

#ГолемаПомошЗаМалиотВојдан

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи