Заврши и втората Олимпијада за мене, поуспешна од онаа во 2018 година во Јужна Кореа, задоволен сум од мојот резултат на 30 км. маратонот што беше намален од 50 км. заради лошите временски услови, истакна за Инфо Компас, нашиот олимпиец Ставре Јада.
„Го сторив најдоброто, не се откажав, не ме престигнаа со круг најдобрите, поголем дел од трката ја трчав сам и во борба со силниот ветар, најголема благодарност сакам да изразам до тренерот Борче Јованоски и до едната единствена девојка во нашата екипа Ана Цветановска кои и покрај силниот ветар беа покрај патеката да ми дадат поддрша за 30 километарската трка. Што се однесува до тоа што ме следи, Фис трка во Грција 27 февруари, потоа Балкан куп во Босна 4-трки, потоа Балкан куп Романија 1 трка и можеби 1 трка во Турција финален балкан куп. Не би сакал предвреме да ги коментирам овие трки ќе поќажат резултатите“, истакна Јада.