Извидничкиот одред „Феникс“ по повод Денот на извидниците организираше крводарителска акција

Извидничкиот одред „Феникс“ – Прилеп по повод 22 февруари, односно Денот на извидниците, во текот на вчерашниот ден организираше крводарителска акција во соработка со Црвениот крст. Во просториите на Станица П.Е.Т. успешно беше спроведена акцијата, каде 16 хумани дарители решија да направат добро дело и да даруваат крв. Меѓу дарителите беа и членовите на „Феникс“, Ана Плетварец, Дино Релушкоски, Веселина Јованоска и Теодора Велкоска.

Секоја година на 22ри февруари се прославува Денот на извидниците односно раѓањето на основачот на извидничкото движење, Лорд Роберт Баден Пауел. Оваа година, следејќи ја традицијата, извидничките одреди од цела Македонија вклучуваќи ги и извидниците од Извидничкиот одред „Феникс”- Прилеп организираа крводарителски акции, во соработка со екипите на Црвениот крст.

Мотото на извидниците за месец февруари, токму кога се одбележува најважниот ден во извидничката година, е “Направи добро дело“ затоа бидете хумани, оставете го светот барем малку подобар од она што сте го пронашле, дарувајте крв и поделете ја среќата со другите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи