ВИДЕО – 30 годишен масакр на прилепските шуми – институциите слепи и глуви


Во организација на Евротинк –  Центар за европски стратегии вчера во Скопје се одржа завршната конференција насловена „Истоштени шуми – мапирање на организиран криминал во форма на нелегална сеча“. Оваа конференција претставува завршна активност во рамките на проектот „Вертикално спротивставување на нелегална сеча во Северна Македонија“ кој е во последната фаза од неговото спроведување.  Проектот е финансиски поддржан од страна на Канадскиот фонд за локални иницијативи преку Амбасадата на Канада од Белград и претставува надоврзување на претходно спроведениот проект кој ја третираше оваа проблематика.

На настанот се презентираа наодите од извештајот на истражувањето „Истоштени шуми“, а на истиот учествуваа Дејвид Морган, советник и заменик шеф на мисија во Амбасадата на Канада за Република Србија, Македонија и Црна Гора, Саша Јовановиќ, раководител на сектор за шумарство и ловство во Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Јулијана Николовска, Директорка на ЈП „Национални Шуми“, Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи, Марија Џибирова, обвинителка во Основно Јавно Обвинителствоа свое излагање имаше и Мариглен Димири главниот истражувач на овој проект.

Во вториот панел учествуваат претставници на граѓанското општество и активистички иницијативи, а свое обраќање имаше и новинарот Дарко Штаргоски за состојбите со дрвокардството во прилепскиот регион.

Состојбата со дрвокрадството или нелегалната сеча во Прилеп е алармантна. Слободно може да се каже дека Прилеп е лидер кога станува збор за овој криминал на ниво на Македонија. 30 години без престан се уништуваат шумите во прилепско, а ниту една институција не сака да преземе ништо. Овој криминал се случува пред очите на сите надлежни.

За целосната состојба со овој криминал во прилепско повеќе погледнете во видеото.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи