Владата денес закажа вонредна седница по руската инвазија врз Украина. Како што е најавено, на оваа седница на разгледување и усвојување е Информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружувањето на Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки.
Министрите денеска ќе ја разгледаат и Информација за потребата од обезбедување сместување на државјани на Македонија и членовите на нивните семејства по нивна евакуација од Украина.