Уапсени жители на Кривогаштани и Бела Црква поради поседување нелегално оружје и кражба


На 23.02.2022 во 15.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани го лишиле од слобода З. К. (32) од Кривогаштани.

„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една малокалибарска пушка „Брно“ со монтиран оптички нишан и монтирани ногарки, 235 куршуми калибар 221мм, 25 куршуми калибар 9 мм, 5 куршуми калибар 7,9мм, 90 куршуми калибар 8х57, една рачна шок бомба, четири рачни чадни бомби и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.  З.К., исто така, се сомничи дека сторил кривично дело „кражба“.  Поради сомнение за сторена кражба бил приведен и М.С.(28) од с.Бела Црква, општина Кривогаштани. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се вели во соопштениет на СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи