Во големата сала на Општина Прилеп денеска беше одржана осмата седница на Советот на Општина Прилеп на која беа усвоени повеќе точки. Прилепските советници со мнозинство гласови ја усвоија Програмата за субвенционирање на трошоци за ЈП „Пазари„ за тековната година како и одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плати за вработените во ЈКП „Комуналец“.
На седницата беа усвоени и две точки од ЈП за ПУП за одредување на цената за превоз на вработените во ООУ „Кирил и Методиј“ во населеното место Канатларци и Ценовникот за редовен линиски приградски превоз.
Советниците го усвоија Извештајот за работа на детските градинки „Наша иднина“ како и одлуките за отпис на неупотребливи компјутерски системи и дотраен ситен инвентар во ООУ „Добре Јованоски“.
Со мнозинство гласови беше усвоена и Програмата за измена и дополнување на годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2022 година како и Програмата за дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Прилеп за 2022 година.
На седницата поминаа и Одлуката за донесување на урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1 за изградба на објекти за производство на ел.енергија од обновливи извори на енергија – фотоволтаични панели во три градежни парцели во Старо Лагово како и Одлука за определување на ширина на крајбрежен појас во водотеците во плански опфат на УПС, Алинци, УПС Беловодица и УПС Плетвар.
Во рамките на денешната седница беа усвоени и решенијата за именување и разрешување на членови во управни, надзорни и училишни одбори во неколку прилепски институции. Дневниот ред на седницата беше дополнет со уште три точки за кои гласаа прилепските советници а се однесуваа на Програмата и правилникот за доделеување на еднократна парична помош за новороденче и отпис на дотраените основни средства на ООУ „Добре Јованоски“.