Продолжува потрагата по исчезнатото 10 годишно момче во прилеско Мариово. Од СВР Битола соопштија дека по него во моментов се трага со засилени полициски единици, кучиња трагачи, кои имаат и хеликоптерска поддршка.
Инаку според изјавите на родителите детето последен пат е забележано во дворот на куќата вчера попладнето околу 16 часот кога после тоа му се губи секаква трага. Откако детето не се вратило дома, родителите повикале полиција и потрагата по детето започнува синоќа во 21.30 кога први пристигнале на лице место 4 полициски службеници и Спасе Чакрески, добар познавач на теренот и жител на селото Витолиште. Прво се започнала со потрага низ селото, но детето не било пронајдено во куќите. После тоа веднаш била повикана помош и во потрагата се вклучиле и ловџии, членови на Спасителната служба „Златоврв“, припадници на ТППЕ Прилеп и други доброволци.
Потрагата траела утринава до 4 часот но безуспешно. Инаку Врбско е село кое е напуштено и само повремено има жители како семејството Џобески кои тукла одгледувале пчели. Тука биле од вторникот.
„Потрагата до 4 часот утринава се извршуваше со светилки и тоа многу наблиску затоа што се работи за страшно непристапен терен. Само селото Врбско каде што е на плато е прегледно, а од сите страни е заградено со ниско стеблеста шума, во најголем дел тиса, чалија и капини и е тешко достапно. Убиствено недостапно, се одеше сантиметар по сантиметар да се претрага. Во селото и дел околу селото беше се пребарано, но за жал детето не се пронајде. Родителите кажаа дека детево не зборува има ментален хендикеп, не е комуникативно и потенциираа дека доколу забалежи дека некој се движи има можност да се скрие. И најголем проблем е што имаше ниски температури, детето не е обелечено, носи само едно блузиче и едно вентијаже на кратко ракави и гумени чизми“, кажа Спасе Чакрески, жител на село Витолиште.
Се повикуваат сите кои имаат теренски возила и кои сакаат да помогнат да отидат во селото Врбско и со себе да понесат храна и вода.