ВИДЕО – Ако не се зголеми цената на тутунот Сојузот на земјоделски здруженија нема да го потпише договорите за идната реколта


Сојузот на земјоделски здруженија не се согласува со новите договори на откупувачите на тутун за идната реколта. Се заканија дека доколку не е оствари итна средба на која како посредник ќе биде Министертсвото за земјоделство нема да потпишат ниту еден договор. Не се задоволни со цените кои биле прениски во однос на покачуавањето на сите животни и производствени трошоци за оваа земјоделска култура.

„За да може цената по килограм и по класи да се покачи за онолку за колку што е покачена нашата животна потрошувачка, потрошувачката на репроматеријалите и горивата. За исти процент да пресметаат Министерството и фирмите за колку што се е покачено за толку да бидат покачени и цените по класи. Се додека не постигнеме добри цени ниие нема да ги прифатиме договорите, па макар започнал и наредниот откуп“, истакна Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

Годинава иако се предвидуваше да се откупат 22.000 тони се откупија само 18.700 тони, односно целиот тутун кој што се произведе во Македонија. Според тутунарите доколку се продолжи со овие цени ќе продолжи и понатаму да опаѓа интересот на земјоделците за оваа култура, а со тоа ќе опаѓаат и произведените количини.

„Ако годинава велиме дека имаме 18.700 тони, доколку не се достигнат тие цени кои ние ги бараме в година незнам дали ќе има 16.000 тони, а наредната ќе се доуништи тутунопроизводството“, додаде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

 

„Просечната цена да не биде под 250 денари. Просечна цена зборуваме не како оваа година на крајот на откупот и дибот да се земи за прва класа. Туку дибот да си оди во трета класа, каде што му е местото. Но да се покачат цените на класите. Да се достигне до една просечна цена од 250 денари со тоа што секоја берба ќе оди во своја класа“, изјави Сулејман Абази, тутунар од Норово, крушевско.

Од Сојузот на земјоделски здруженија исто така побараа со измените во Законот за тутун да добијат поголеми ингеренции при договарањето и утврдувањето на цената на жолтото злато.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи