Јанакиески осуден на 4,5 години затвор за Титаник, Јанкулоска доби 2,5 години затвор

Facebook
Twitter
Email
Print

Четири условни и четири затворски казни беа изречени денеска во Основниот кривичен суд во Скопје за предметот „Титаник“, кој се однесува на кривични дела против изборите и гласањето за парламентарните избори во 2011 и локалните избори 2013 година.

Поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, Мунир Пепиќ и Коста Митровски се осудени на затворски казни за предметот, којшто го отвори поранешното СЈО, додека по признавањето на вина, четворица од обвинетите добија условни казни, а меѓу нив се Мартин Протоѓер и Билјана Бришковска-Бошковски.

  • Гордана Јанкулоска – затворска казна од 2 години и 6 месеци
  • Миле Јанакиески – затворска казна од 4 години и 6 месеци
  • Мунир Пепиќ – затворска казна од 1 година
  • Коста Митровски – затворска казна од 3 години
  • Мартин Протуѓер – условна казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело
  • Билјана Бришковска-Бошковски – условна казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело
  • Катерина Веловска – условна казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело
  • Киро Тодоровски – условна казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело

Гордана Јанкулоска и Минур Пепиќ веќе одлежуваат казна затвор за претходни дела. Обвинителката Лиле Стефанова побара куќен притвор за Миле Јанакиески, поради опасност од бегство, додека за четвртиот осуден на затворска казна Коста Митровски судот не побара мерка за обезбедување.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи