АВРМ: Во тек е јавниот оглас за поддршка на даватели на услуги за грижа на заедницата

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија известува дека во тек е Јавниот оглас за мерката Поддршка за претприемништво и формирање на правни субјекти – даватели на услуги за грижа на заедницата.
Мерката се имплементира согласно Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година.
Целта на мерката е да обезбеди поддршка за создавање на нови работни места преку отворање на нови деловни субјекти (идни даватели на услуги) кои ќе обезбедуваат услуги на грижа во заедницата. Учесниците во мерката ќе имаат можност да посетуваат Обуки за асистент за нега на лица со Мултиплекс склероза, асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест и палијативен неговател за нега на болни и изнемоштени лица.
За повеќе информации може да се обратите во работните клубови на 30-те Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ и на официјалната веб страна на АВРСМ http://www.av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи