182 санкции за пешаци кои направиле прекршоци во сообраќајот

Facebook
Twitter
Email
Print

Во текот на вчерашниот ден (28.02.2022) во периодот од 14.00 до 18.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 182 пешаци од кои, 162 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 14 за минување на црвено светло…

За време на контролата регистрирани се и 118 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи