7 возачи возеле пребрзо во Прилеп – вкупно 29 на територија на СВР Битола


На 28.02.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната.

„Притоа, санкционирани биле 29 возачи, од кои 11 санкции се изречени на територија на Ресен, по 7 санкции на територија на Битола и Прилеп,  и 4 на  територијата на Македонски Брод. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи