ВИДЕО – Дуалното образование единствен спас на стопанството кое кубури со стручен кадар


Дуалното образование се гледа засега како единствен спас на стопанството кое со години кубури за стручен кадар поради големото иселување од Македонија. Токму затоа уште од сега Министерството за обрарзование прави анкети по сите стручни смерови низ државата дали нешто недостасува и каква е соработката со стопанството. Врз основа сите сугестии ќе се гради и образовната политика за идната година, дали, каде и колку нови дуални паралелки ќе треба да се отворат во средните училишта.

„Идејата е да се создаде таков кадар кој ќе им служи на компаниите, а компаниите ќе и служат на самата Општина и развивање на регионот. Другата компонента која мислиме дека ќе биде позитивна во состав на овој проект е дека тој стручен кадар ќе остане и нема да се одлива од општината од државата туку со самото професионализирање тие ќе останат тука и на некој начин се надеваме дека ќе се намали и бројот на млади кои ја напуштаат државата“, вели Лулзим Алиу, заменик Министер за образование.

Од Стопанската комора на Македонија велат дека 62% од компаниите се соочуваат со недостиг на стручен кадар. И тие сметаат дека дуалното образование е најефикасен и најбрз начин да се дојде до толку потребниот стручен кадар.

„Ние работиме на 2 цели, едната е да се обезбеди кадар за компаниите, а втората цел нии е исто така важна, а таа е да се разбие онаа предрасуда дека во стручното образование секогаш се запишуваат послаби ученици или не е толку атрактивно. Токму со оваа кампања ние направивме да се подигне атрактивноста на стручното образование, затоа што преку тој социјален дијалог во кој се наоѓаат стонскиие комори, образованите инстиитуции и стручните учиилишта направивме да се дизајнираат такви образовнии програми кои му се потребни на бизнис секторот, а бизнис секторот е тој кој се поддршка на Стопанската комора треба да ги отвори вратите и да ги земе учениците за реализација на практична обука“, вели Наташа Јаневска, Стопанска комора на Македонија.

Прилеп во своите стручни училишта располага со околу 30 профили на различни стручни смерови. Општината веќе разговарала до дел од компанииите дел од учениците своето практиканството да го извршуваат токму таму.

 „Со тоа што ние овозможуваме со нашите жители да не патуваат во соседните општини, да ги имаме тука и би иим ги понудиле на заинтересираните компании. Како што кажав наш приоритет е дуалното образование за да се развие во потребен број и да имаме поголем избор во унапредување на локалното стопанство“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

За оваа намена Стопанската комора обезбедила и 3,5 милиони евра од Германска развојна банка. Средните училишта во соработка со некоја или повеќе компании заедно може да учествуваат со проект за овие средства и да добијат грант од 100.000 до 600.000 евра. Со тие пари училиштата би опремиле лабораториите и би купиле современи уреди и машини за своиите стручни смерови. Досега 8 училишта добиле вакво грант заедно со 29 компаниии, а од наредниот месец ќе имало и втор повик.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи