Во хотелот Кристал Палас во Прилеп се одржа традиционалната крводарителска акција во организација на Лајонс и Ротари клубовите од Прилеп.
„Секогаш е големо задоволството на нас лајонс членовите да им служиме и помагаме на нашите граѓани, па и во дарување крв за спас на животи и затоа заедно со Ротари клуб Прилеп ја правиме оваа традиционална крводарителска акција. Со посебна гордост ќе истакнам,дека оваа година членот на нашиот клуб,др. Весна Пацаноска е Гувернер, лидер на лајонсите од нашата држава, што е потврда за исклучителната хуманитарна работа на ЛК Прилеп.
Со посебно задоволство и радост, ќе истакнам дека Лајонс Клуб Прилеп од 1 јули 2021 година организираше 27 акции за помош на ранливи категории лица,во многу области во Прилеп и околината. Сите оние кои сакаат да помогнат,можат да видат што правиме и работиме на ФБ профилот на Лајонс Клуб Прилеп и да ни се придружат“, велат од Лајонс Клуб Прилеп.