Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница

(1) Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница е новиот проект на Рурална Коалиција чии што активности беа промовирани денес на онлајн настан за запознавање со целите и активностите на проектот.

(2) Европската повелба за еднаквост вклучува еднакво учество на мажите и жените во одлучувањето како предуслов за едно демократско општество. Исто така, правото на еднаквост меѓу половите бара локалните и регионалните власти да ги преземат сите соодветни стратегии за промовирање на балансирана застапеност и учество на жените и жените во сите сфери на одлучување. Европската повелба за еднаквост меѓу мажите и жените на локално ниво, исто така, ја препознава важната улога на општината во воспоставувањето родова еднаквост на повеќе нивоа преку вклучување и еднакво учество на жените од различни групи во одлучувањето и креирањето политики и буџетирањето. Според оваа Европска повелба, општината може да ги разбие нечувствителните родови практики, стереотипи преку реорганизирање на начинот на креирање на политики, мерки и активности што ги спроведува општината, со цел да се задоволат различните потреби на мажите и жените. За да се оствари оваа реална практика и секојдневна ситуација, неопходно е подеднакво вклучување на мажите и жените во одлучувањето, но и преку градење капацитети за родова анализа и дизајнирање на родово специфични мерки и буџети и тука е особено видлива улогата на граѓанските организации. Подобрено вклучување на локалната заедница во процесите на интеграција во ЕУ преку унапредување на процесите на партиципативно и родово чувствително креирање политики, ќе биде предизвикот кој ќе биде поставен пред Рурална коалиција во периодот кој ќе следи. Проектот ќе трае 15 месеци, а истиот ќе се спроведува во општините Кичево, Пласница, Прилеп, Кривогаштани, Гостивар и Врапчиште.

(3) „Европското знаење, но и европската интеграција ќе ни помогне многу во промовирањето, но и унапредувањето на родовата еднаквост и нејзиното практикување во локалната заедница. Информираноста за ЕУ интеграциите, значењето на родовата перспектива во креирањето на политики и мерки, родовата системска интеграција ќе бидат главната алатка која што ќе ја користиме во промовирањето, но и практикувањето на родовата еднаквост во локалната заедница која што е клучна за подеднаков напредок на практикувањето на родовата еднаквост во секоја сфера и во секоја област од општественото живеење без оглед на тоа дали доаѓате од град или од село„, спомена во своето излагање Лилјана Јоноски, како извршна директорка на Рурална Коалиција. Таа додаде дека процесот на планирање на оваа проектна акција го следи анализирање на сите национални, но и регионални стратешки документи и практики кои што се значајни за родовата еднаковст и кои што директно ќе значат соработка и вмрежување помеѓу сите засегнати страни на локално ниво (вклучувајќи ги општините и Комисиите за еднакви можности) во процесите на застапување за специфичните потреби на мажите и жените во локалната заедница.

(4) Изработката на родова анализа на програмите на општините, едукација на локалното население на тема ЕУ и родовата еднаквост, креирање на платформа и јакнење на улогата на Руралното Женско Лоби кое што делува во рамките на коалицијата, следење на работата на Комисиите за еднакви можности во пилот општините, доставување на иницијативи за унапредување на родовата еднаквост во локалната заедница се само дел од активностите кои што во соработка со локалните заедници Рурална Коалиција ќе ги спроведува во наредната година и половина, а во насока на остварување на општата цел на проектот: Да се подобри вклученоста на локалната заедница во процесите на интеграција во ЕУ преку унапредување на процесите на партиципативно и родово чувствително креирање политики.

(5) Акцијата ,,Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница,, е дел од акцијата ,,Унапредување на родовата еднаквост преку процесот на пристапување во ЕУ,, финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка.

Овој промотивен настан е дел од руралната мартовска акција “Ги нема жените, го нема напредокот“, акција која што Рурална Коалиција ја спроведува во рамките на годишната програма за работа, а определувајќи го месец март како месец на родовата рамноправност и еднаквост во секторот земјоделство и рурален развој. Годишниот план за работа е поддржан со институционален грант во програмата на Цивика мобилитас.

Автор : Рурална Коалиција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи