ВИДЕО – Шумската полиција во Прилеп 3 месеци нема возило – регионот оставен на милост и немилост на дрвокрадците


3 месеци шумската полиција во Прилеп е оставена без единственото возило со шумските полицајци излегуваат на терен. Возилото е во дефект, а нејасно што се чека толку долго време за да се поправи. Во моментов огромен регион на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани е оставен на милост и немилост на дрвокрадците кои и без ова во изминативе години направија вистински пустош во прилепско. Сега нема кој да спречи овој криминал, 13-те шумски полицајци во Прилеп, во моментов не работат ништо.

Од шумската полиција во Прилеп не сакаат да дадат изјава, но велат дека се чекало на трендер за поправка на возилата и се надеваат дека тоа ќе биде завршено за брзо. Признаваат дека се чека предолго и дека едно возило, како и 13 шумски полицајци се премалку за покривање на регинот, но со децении за ова државата нема слух. Велат во овој период кога немаат возило за своите активности имале одредена соработка со регуларната полиција во регионов.

Како доказ декак државата воопшто не се грижи да го стопира овој криминал во Прилеп зброува фактот што тој со години се случува пред очите на сите институции, но никој не презема ништо. Буквално секој ден само по патот за вештачкото езеро кај Прилеп поминуваат десетици специјално направени возила за превоз на дрва, но за жал тука полиција скоро и да нема. Овие возила без страв полнат гориво на бензинските пумпи во Прилеп и без страв истите ги поправаат кај автомеханичари.

Се кради и на Плетвар кај се селата Дрен, Смолани, Царевиќ и Никодим. А поради неисправноста на овие возила на патот Прилеп-Градско за неколку годинии имаат загинато тројца дрвокрадци. Овие возила се опасност и за целата околина. Општина Долнени е најпогодена во реонот на селото Црнилиште.

Што е уште потрагично бидејќи во Прилеп повеќе нема што да се кради сега дрвокрадците одат преку преминот Дервен во велешко од каде дрвата завршуваат на црниот пазар во Прилеп.

Доколку државата не преземе за брзо нешто Прилеп ќе биде претворен во пустина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи