Најавено ново запирање на возовите ако не се исплатат материјалните трошоци за февруари

Facebook
Twitter
Email
Print

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од попладне во 15 часот повторно ќе биде запрен поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во Железници на РСМ Транспорт доколку не бидат исплатени материјалните трошоци за февруари, најавува Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија.

Како што изјавил Димовски за МИА, сѐ уште не им е исплатен и првиот дел од платата за февруари, за што рокот е денеска. Се очекува прашањето за железници на РСМ да биде отворено денеска на седница на Владата, а од исходот, како што вели Димовски, ќе зависи реализацијата на бојкотот.

Тој додава дека стапуваат во бојкот согласно со одлуката што ја доставиле до раководството во ноември лани, а според која, доколку до 10-ти во месецот не им бидат исплатени материјалните трошоци за претходниот месец, ќе ја прекинат работата наредниот ден. Исто така, според одлуката, доколку до 25-ти во тековниот месец не им биде исплатена платата за претходниот месец во целост, наредниот ден ќе стапат во бојкот.

Според Димовски, со бојкотот ќе бидат опфатени патничките возови според планираниот возен ред по 15 часот на релациите  Скопје – Табановце и обратно (16.25), Скопје – Гевгелија (16.55)  и Скопје – Велес (22.40), како и сообраќањата на планираните три товарни воза.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи