Денес во Прилеп се одржа работен состанок на тема „Зајакнување на отпорноста кон насилен екстремизам на локалните зaедници во Македонија“ организиран од страна на Центарот за заедничка основа (ЦЗО) со поддршка од Британската Амбасада.
Станува збор за настан кој е дел од проект кој има за цел да ја поддржи Националната стратегија и акциониот план на националниот координатор во борба против насилен екстремизам и борба против тероризам преку поттикнување соработка и дијалог за градење доверба помеѓу локалните чинители, вклучувајќи граѓански, верски и младински лидери и локални и централни власти.
„Центарот за заедничка основа го имплементира овој проект веќе четврта година. Овој проект започна да се спроведува од 2018 година во три општини: Гостивар, Кичево и во општина Чаир, а сега во втората фаза го имплементираме во општините: Прилеп и Струга како нови општини кои влегуваат во овој проект. Овие општини ни беа посочени од Националниот комитет кој ја имплементира националната стратегија за справување со насилен екстремизам бидејќи наша главна цел е преку овој проект да се подржи и да се имплементира самата Национална стратегија која што е донесена во март 2018 година, а во која што сакаме преку зајакнување на локалните општини кон сите овие појаи кои што се појавуваат насилство. Разни форми на екстремизам кои немора секогаш да се од верска побуда. Ги правиме овие активности се со цел да се превенират идни можни радикализации и форми на екстремизам кои би можеле да се појават во било која општина“, изјави Вилма Венковска Милчев, извршен директор ЦЗО.
Според организаторите Македонија бележи раст на насилен екстремизам во последните години. Ограничената доверба и ангажман меѓу етичките, религиозните и социо-културните групи доведува до неразбирање, страв и стигматизација.
Пред почетокот на настанот претставници на Британската Амбасада и претставници од центарот за заедничка основа одржаа состанок со градоначaлникот Борче Јовчески на кој беа запознаени со тековните и идни настани поврзани со Општина Прилеп.
&n