Во Прилеп запленети 8 запрежни коли и околу 10 метри кубни нелегално исечени дрва


Денеска, Секторот за внатрешни работи Битола, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и полициска станица Прилеп во координирана акција, на повеќе локации запленија нелегално исечени огревни дрва.

Имено на м.в.Песјобрдци, прилепско фатени се три лица М.А. (43), П. В. А (40) и И. Д. (48) сите од  Прилеп, со три запрежни коли  натоварени со огревни дрва без соодветна дозвола за истите. Одземената дрвна  маса со околу 4.5 метри кубни е предадена на шумска полиција Прилеп. На м.в. Пештерица и Дата Центар во Прилеп запленети се три запрежни коли (шпедитери) натоварени со огревни дрва без дозвола од 0.70 м3 и истите се одземени од лицата С. А. (37), С.Б. (49) А.Ш. (41) сите од Прилеп. Во с. Ореовец, прилепско запленети се  два шпедитери натоварни со 3м3 огревни дрва од 16- годишен малолетник од Битола. Одземената дрвна маса е предадена на шумска полиција Прилеп. Против лицата по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи