Долгот на Комуналец е 800.000 евра, има 401 вработен и немало да има нови вработувања, активно се бара решение за Терминалот


Наш гостин во ова издание на Инфо Регион е Рубин Абрашоски, првиот човек на ЈКП „Комуналец“, едно од носечките јавни претпријатија во општина Прилеп, со кого ќе поразговараме за повеќе актуелни теми.

Абрашоски одговори на прашањата за тоа со какви и колку возила располага Комуналец, дали ќе се поправат возилата кои повеќе растураат отколку што собираат смет и чадат како парни локомотиви. Зошто тракторите кои носат смет на депонија не се покриени со церади и ѓубрето лета во околните ниви? Зошто наместо ноќе улиците со вода се чистат дење кога има огромна фрекфенција на возила и пешаци? Уште колку диви депонии ќе бидат расчистени во периодот кој следува и што се планира до крајот на 2022?

Абрашоски не одговори колку пари имало во касата кога седнал на директорската фотелја, но истакна дека моменталниот долг на Комуналец е 800.000 евра.

Дали е задоволен од првите 100 дена работа и што направиле? Дали има пари да се изгради линијата за секундарна селекција на отпадот, кога би се случило тоа и што со депонијата Алинци?

Комуналец моментално имал 401 вработен и не се планирало нови вработувања затоа што немало пари, иако имало потреба од кадар. Нови луѓе ќе се примале само тогаш кога некој од моментално вработените ќе заминел во пензија.

Новите цени на струјата, горивата, покачувањето на минималецот и недела неработен ден ќе зададеле огромен удар на претпријатието, а времето ќе покажело како сето тоа ќе се одразело.

Во однос на „Терминал Комуналец“ ќе се барало решение како овие 13 луѓе да земаат плата. Според Абрашоски овој проблем бил стар и тој само ја наследил тешката ситуација. Решение ќе се барало прво за мензата, но упати и апел до бизнис секторот во Прилеп да ги користи повеќе царинските услуги на „Терминал Комуналец“.

За овие и многу други теми погледнете го интервјуто.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи