Судејќи според денешниот одговор на премиерот Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање што планира Владата со Еурокомпозит и дали има веќе најдено стратешки инвеститор, очигледно тој воопшто или многу малку е запознат со ситуацијата во фабриката.
„Со цел да се одржи стандардот на вработените во Еурокомпозит кои што работат таму, државата во сите изминати години го помага нивното работење. Таа компанија има договори со одредени добавувачи кои што ја управуваат компанијата. А она што Владата го прави се анализи на ниво на ресорни министерства кои беа разгледани од страна на Комисијата за економски систем. Вие знаете дека таму се работи за производство на воена програма. Ние сме НАТО држава. И согласно процедурите секако дека ќе се влезе во еден процес на реструктуирање на фабриката и изнаоѓање на стратешки инвеститор. Тоа сепак ќе зависи од инвеститорите, од нивните планови и можноста тоа производство кое што ќе го прават тука да го пласираат на најсоодветен начин. А штом ќе има одредени резултати во однос на процесот први ќе бидат информирани вработените и менаџемнтот, секако и граѓаните на Прилеп, бидејќи фабриката се наоѓа тука“, истакна премиерот Димитар Ковачевски.