ВИДЕО – Стерјовска-Локвенец: И Ковачевски ги продолжува лагите на СДСМ поврзани со Еурокомпозит


За жал оваа влада на СДСМ предводена од Димитар Ковачевски, е продолжена рака на владата на Зоран Заев. Влада е која не знае да се справи со предизвиците. Истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Тоа се потврди и од денешната посета на Ковачески во Прилеп, кој не отиде да види што се случува во „Еуркомпозит“, туку и на новинарско прашање што планира Владата со државната фирма Еурокомпозит и дали има веќе најдено стратешки инвеститор, не даде јасен одговор. Очигледно е дека или  не знае или пак воопшто не е запознат  што се случува со фирмата?

Лагите кои СДСМ  ги повторува за Еурокомпозит и понатаму продолжуваат, а сето тоа на штета на фабриката и вработените. За потсетување, постојано се извршуваат тешка кражби во фабриката, за која дознаваме од медиумите и дека е украдена скапа опрема и алати! Дали можеби намерно се кради и намалува имотот на фабриката и дали власта свесно остава да се извршуваат овие кражби?

Оваа влада и нејзините нови партиски испоставеници, не се разликуваат по ништо од претходните од времето на Зоран Заев. Постојано лажат и манипулираат со граѓаните, како што беше и вчерашниот случај со новиот претседател на Општинската организација СДСМ Прилеп, кој  во видео порака кажа за некакво „историски највисоко зголемување“ на пензиите, при тоа фалејќи ги политиките на владата на СДСМ. За жал, заборави да ги праша пензионерите како преживуваат со ниска пензија, што им недостасува, зошто е скратена посмртнината и ред други прашања? Изгледа од СДСМ не ја научија лекцијата од локалните избори и поразот од преку 7500 гласа разлика во Прилеп, дека со лажен триумфализам не се бркаат политички поени.

За потсетување ВМРО-ДПМНЕ континуирано им ги зголемуваше пензиите на пензионерите, без да има потреба да се прави тоа поради зголемувањето на цените. Пензионерите добиваа зголемени пензии не како изнудени мерки туку како напор на тогашната влада за подигање на животниот стандард.

Токму владата предводена од СДСМ го укина ваквиот раст на пензиите според просечната плата и цели 3 ипол години им кратеше голема сума на пензионерите од нивните пензии.

Затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за да се врати државата на правиот пат. Народот не заслужува ваков третман и ваква негрижа! Затоа се потребни промени! А промените ги носите Вие почитувани сограѓани“, рече Стерјовска-Локвенец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи