Прво место за прилепчанецот Давор Барак, член на ЏК „Хамбург“, на U15 турнирот во Берлин


Викендов во Берлин, Германија се одржа U15 турнир на кој учество зеде и прилепчанецот Давор Барак, поранешен член на ЏК „Пролетер“ од Прилеп, кој го освои првото место. Тренерот на ЏК „Пролетер“, Славе Димитријоски, истакна дека се особено горди што токму член на ЏК „Пролетер“ постигнува вакви големи успеси, што било и доказ за квалитетот на тоа како џудото се практицира во овој прилепски клуб.

„Горди сме како клуб на Давор и неговите успеси кој своите први чекори во џудото ги направи токму кај нас. Инаку по пауза од 2 години, поради пандемијата, конечно започнавме со тренинзи и веднаш постигнавме резултати. На Државно првенство за јуниори кое викендов се одржа во Кавадарци освоивме 3 златни и 2 сребрени медали. Се надеваме дека ковид пандемијата конечно е зад нас и дека непречено во иднина ќе продолжиме со тренинзи и постигнување на нови успеси“, рече Славе Димитријоски, тренер на ЏК „Пролетер“.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи