Руралните жени се многу малку ангажирани во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки во средините каде живеат, ниту пак доволно е промовирана улогата на руралната жена како важен фактор за одржлив развој на локалните заедници. Токму затоа во Општина Долнени се одржа настан „Социјална правда и економско јакнење на жените во руралните средини“ со цел нивна поголема афирмација. Целта е да се постигне поголема вклученост и на самитет општини за реализаиција на овие процеси.
„Со поддршка на Општините и понатаму ќе работиме да обезбедиме платено породилно отсуство на жените земјоделки, воедно да им обезбедиме пристап до социјални услуги, правата од социјалната заштита, да им обезбедиме можности и услуги да се зголеми нивната вработливост и најважно од се навистина да се зголеми свесноста и нивниот труд и значење за развој на руралните заедници, навистина да биде промовиран и вреднуван“, рече Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.
Жените од руралните средини приизнаваат дека е потребна поголема нивна вклученост во сите сфери од работењето на Општините. Но ги охрабрува тоа што некои процеси полека се поместиле од мртва точка.
„Повеќе овој крај е земјоделски крај, има жени кои се регистрирани како земјоделци, но од државата не примаат породилно боледување, затоа ние со иницијатива на ЛАГ АГРО ЛИДЕР ќе направиме една иницијатива за да можеме тоа законски да го регулираме, за да може жените да користат породилно боледување“, истакна Ајше Муаремоска Топалоска, раководител на одделение за јавни дејности во Општина Долнени.
Од Центарот за социјална работа од Прилеп кои работат подолг период на оваа проблематика велат дека руралните жени се повеќе ги стекнувале правата кои им следуваат. Пример најголем дел од носиотелите на правото на детскии додаток биле жени, а исто така и образовниот додаток се исплаќал на жените.
„Да се разговара директно со жените, да стекнат доверба и во институциите, но да стрекнат и самодоверба. Дека и тие рамноправно со своите брачни другари можат да присуствуваат во општестевниот живот, можат да гии бараат правата, да се унапредуваат, да бараат вработување до преквалификација и доквалификација, односно да ги планираат своите работни активности и во своите рурални места. Може да бараат да бидат менаџери, да отвораат занаетчиски работилници, значи ние треба да работиме на зајакнување на капацитетите на жените“, вели Снежана Јоаваноска, Центар за социјална работа Прилеп.
И од Општина Долнени најавуваат поголема вклученост на жените во сите процеси на локалната заедница и зголемување на нивниот број во администрацијата.
„Да бидат вклучени повеќе во сите погледи, да нема разлика дека е жена. И јас ќе се трудам во иднина да бидат застапена во сите сегменти и во Општината и во останатите институции подеднакво, рамноправно. Во Општина Долнени има 8 жени од 30 вработени, ќе се трудиме тоа да го изедначиме колку што налагаат потребите и условите, согласно систематизацијата и образованието“, додаде Урим Ибески, градоначалник на Општина Долнени.
На настанот беа промовирани традиционална храна и производи кои го карактеризираат долненскиот крај.