Министерството за локална самоуправа ќе го кофинансира проектот на Крушево во прекуграничната соработка со Албанија


Општина Крушево денеска го потпиша Договорот за кофинансирање на проектот „Крушево и Елбасан – признаена туристичка прекугранична дестинација“ со Министерството за локална самоуправа која го покрива кофинансирањето.

На денешниот настан во Скопје беа презентирани сите проекти во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Албанија. Целосната вредност на проектот е 740.000 евра, а за активностите на локалната самоуправа на Крушево се одделени околу 230.000 евра.

Проектот кој веќе го имплементира општина Крушево се однесува на изградба на паркинг во параглајдинг центарот во Крушево, поставување на 2 мерни станици на полетувалиштето за параглајдинг, ЛЕД осветлување на објектите од култура и изградба на патека за „даунхил“, планински велосипедизам. Од страна на општина Крушево ќе се имплементираат и различни видови на обуки и настани за градење на капацитетите на угостителскиот сектор“, велат од Општина Крушево.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи