157 години од раѓањето на Ѓорче Петров

Ѓорче Петров, целосно име Георги Петров Николов, роден е на 2 април 1865 година во с. Варош кај Прилеп, загинува на 28 јуни 1921 година во Софија, Бугарија. Истакнат македонски публицист, професор, историчар, иидеолог на Македонската Револуционерна Организација.

Се школувал во Прилеп, Битола, Солун, Пловдив. Бил учител во Штип ( 1886-1887). Како учител во Скопје (1888–1891) соработувал со митрополитот Теодосииј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската Архиепископија. Бил професор во Битола (1891–1895) и во Егзархиската гимназија во Солун (1895–1897).

Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на МРО во Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Кичево, Крушево, Ресен, Леринско и Костурско. Член на Централниот комитет на МРО. Учествувал на Солунскиот конгрес (1896) и бил еден од составувачите на Уставот и на правилникот на ТМОРО. Ја објавил книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“(Софија, 1896).

Бил задграниче претставник на ТМОРО, заедно со Гоце Делчев во Софија (1897–1901). Учествувал во уредувањето на револуционерниот хектографиран весник „На оружје“. Во текот на Илинденското востание предводел чети во Прилепско и во Мариово.

По востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Стрмучкиот и Рилскиот општ конгрес. На Рилскиот конгрес бил повторно избран за задграничен претставник на Организацијата во Софија.

Го уредувал списанието „Културно единство“(Солун, 1908–1909). Во времето на Балканските војни и на Првата светска војна бил на служба во Сер, Битола, Драма. Член на Привременото претставништво на бившата ВМРО, противник на врховизмот, и на делбите на Македонија на Версајската конференција.

Ѓорче Петров е уште една од многуте жртви на братоубиствената борба и меѓусебните пресметки, по атентатот во кој загинал на денешен ден во 1921 година во Софија.

На денот на убиството, Ѓорче Петров по излегувањето од работа свратил во кафеаната на Иван Бандев, која се наоѓала на улицата Егзарх Јосиф во Софија. Таму тој пиел ракија со Петар Чаулев, член на ЦК на ВМРО. Убиецот, Турчинот Реџеп влегол во кафеаната и останал да пие пиво. Откако Ѓорче Петров ја напуштил кафеаната околу 7 и 30 часот, тргнал дома, при што терористот го следел и пред портата на неговата куќа, го убил.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи