Планинарската група Прилепски Планинари – Авантуристи во соработка со здружението Вело Че ве кани на планинарска дружба по Селечка Планина во чест на Томе Темелкоски. Стартот на турата е во недела на 10 април во 9 часот од манастирот Св Димитрија во село Селце ( 7 км.) оддалечено од Прилеп. Турата е во должина од 12-13км. средно тешка и висинска разлика од околу 800м.
Опис на турата:
- Старт 9 часот св. Димитрија с. Селце.
- Првата пауза е во локалитетот Домаќинско Чешмуре.( поручек од ранец).
- Втората пауза е пред ливадата на местото викано Дуна Нива.
- Третата пауза е на местото викано Стогот под врвот Калушоец.( не е во програмата за негово искачување).
- Движење по сртот на Селечка Планина со погледи кон Пелистер, Кајмакчалан, Кожув, Мариово. Солунска Глава, Прилеп и стигнување до споменикот Устрелец изграден во чест на Прилепските Бранители кои загинаа на Карпалак каде следи и пауза.
- Упатување кон под врвот Чуле( не е во програмата за негово искачување) и се упатуваме кон Планинарскиот дом Томе Темелкоски место.
- Ручек во домот ( од ранец), мала дружба
- Враќање кон манастирот Св. Димитрија
- Затворање на турата и видување до наредна година.
- Време траење на турата е од 3 – 4 часа(пешачење нормално темпо)
Пауза за поручек 30мин.
Втора, трета и четврта пауза по 20мин.
Пауза за ручек и дружба 2-3 часа. - Крај на турата 17 часот
Напомена: Движењето оди во групата без оддстапувања напред пред водичите .
Најавена бројка на учесници е 500, а освен од Прилеп има најавено гости и од други градови од Македонија. Вчера организаторите ја маркираја ја исчистија и подготвија патеката за безбедноста на сите учесници.
321