ВИДЕО – Мицкоски: За да има промени, мора да има избори, а власта бега од нив затоа што ќе изгуби дебело


За да има промени, мора да има избори. А владата бега од избори. Бега затоа што нема анкета на којашто води и затоа што знае дека го нема легитимитетот на народот добиен на избори. Се крие владата од својот народ. Опстојува како хибридна форма, во заробените институции кои немаат поддршка од народот. Бега од избори затоа што знае дека на избори ќе изгуби дебело, рече вечерва во Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

А тој пораз е цената што ќе ја платат за нивното неработење, криминалот и пропаста што ја донесаа. И погоре кога ви велев за сликата во деведесетите и празните рафтови и редиците за бензин, истото е и денес, имаме реприза на транзицијата. Она што е различно е што дозволивме сево ова да ни се повтори. А не смееме. Затоа мора да го промениме тоа. Не сакаат избори затоа што знаат дека народот има празни џебови поради криминалот кој го прават и сиромаштијата која ја донесоа.  Инфлацијата драматично го јаде семејниот буџет. А растот на минималната плата или она враќање на дел од парите кои им ги украдоа на пензионерите, а го нарекуваат покачување ниту од далеку не го покрива поскапувањето кое го имаат семејствата во секојдневието. Бензините поскапи за над 70 проценти, струјата за над 30 проценти, зејтинот над 60 проценти. И замислете на вакво едно сеопшто покачување СДСМ излегува и вели со антикризните мерки на Владата за 4 000 денари се намалени месечните сметки. И оваа објава ми личи на оној вицот кога еден постар господин вработен во трафика го прашува муштеријата кој побарал кутија цигари: – Дечко колку години имаш? – 32 – одговара овој. На што продавачов одговорил:  – Ако не пушеше ќе имаше 42. Така некако и владата. Ни велат ако не беа нашите лаги, вие со вистината и беспарицата полошо ќе живеевте“, кажа Мицкоски.

Мицкоски рече дека фалбите од типот дека прекрасно се живело во државава, и дека имало раст на минималната плата, дека проблемите се решавале всушност биле порази на оваа влада и само говореле за тоа колку власта била далеку од реалноста и дека во земјава владееле два паралелни света.

Еден свет во кој е владата со нејзините лаги, другиот во кој живееме сите останати и народот. Свет на сурова реалност, на сиромаштија, иселување и на криминал со кој го ограбуваат народот. На луѓе кои едвај врзуваат крај со крај. Токму затоа, во целост ВМРО-ДПМНЕ го поддржува барањето на синдикатите за зголемување на платите преку нивно изедначување со коефициентот на тежина на работните места утврден со колективните договори. И тоа покачување мора да биде опсежно и да опфати што е можно повеќе луѓе чии буџети се сериозно нагризени од растечката инфлација. И ако од владата се жалат дека нема пари, пари има. Само треба да се затвори главниот вентил низ кој се истураат кофите пари на криминал и тендери. Државата мора да покаже грижа за нејзините луѓе и покачување на платите мора да има“, додаде Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи