ВИДЕО – Мицкоски: За да не не уценува Мала Речица, на следните избори барам поддршка од народот и мнозинство во Парламентот


Денес испраќам порака за обединување на народот против власта. Потребно е обединување и надраснување на сите наши разлики и поделби. Затоа што влегуваме во финалето на уривање на оваа власт позната како најкриминална и најнеспособна. Силата на обединувањето треба да биде голема, затоа што целите пред нас се големи.  Народот против власта. Ова го истакна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва во Прилеп, на прославата на 31 годишнината од формирањето на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Избори многу скоро ќе има и на нас тоа обединување и таа порака на обединување на тие избори ни е потребна како никогаш досега. Знам дека можеби ВМРО-ДПМНЕ некогхаш прави и по некоја грешка, не сме безгрешни луѓето кои работат знаат и да погреѓат, но од тие грешки влечиме поука и знаеме да се извиниме. Знаеме дека не секогаш нашите политики за секого се прифатливи, но се стабилни и носат просперитет и сигурна иднина. Знам дека може понекогаш некого и ќе налутиме, затоа што некој чекор што ќе го направиме не соодветствувал со некоговите и нејзините очекувања, но тоа е затоа што многу анализираме и внимаваме да не ги направиме грешкките од минатото. Затоа мојата порака денеска од тука од Прилеп до цела Македонија е, за тоа што грешевме побаравме прошка и се извинивме. И ви благодариме за огромната поддршка на локалните избори, за историската победа и во првиот и во вториот круг на коалицијата која што ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ. Но набргу од денес ќе ни треба повторно народна мобилизација, обединување околу столбот на Македонија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Да ја поразиме оваа криминална, корумпирана и предавничка Влада предводена од СДСМ, да ја поразиме со мнозинство во парламентот. Нас ни треба мнозинство во Парламентот, тоа е она кое што ќе ја врати Македонија на победничките патеки, тоа е мнозинството кое што ќе ги исправи грешките“, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека било мнозинство што ќе ги исправело грешките кои што се случиле во изминативе 5 години. А тие кои ги донесле тие грешки да одговараат за истите.

„Затоа што ако нема одговорност за криминалот, за корупцијата, за националните предавства, тогаш повторно некој во иднина ќе се дрзне да посегне по факелот наш македонски и по нашата Македонија. Затоа барам обединување, општествена поддршка и обединување на народот на следните избори, тоа е она што му е потребно на ВМРО-ДПМНЕ, мнозинство во Парламентот, да не не уценува Мала Речица, да одиме во Брисел и во Вашингтон. Да не не уценува Мала Речица“, кажа Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи