Околу 13.000 административци денес протестираа барајќи повисоки плати

Околу 13 илјади вработени во судовите, општините и останатите институции со исклучување на службените компјутери и затворање на шалтерските услуги 2 часа протестираа и го искажаа своето незадоволство, барајќи зголемување на нивните плати.

Се жалат дека во последните десет години ниту денар не им е зголемена платата на административците согласно растот на минималната плата, а голем дел од вработените не добиле ни зголемена минимална плата за месец март.

„Се случува референтите кои во Агенцијата за катастар се околу 60 проценти од вработените и ги решаваат сите предмети на граѓаните, да земаат под минималната плата. Значи, сите референти со средно образование земаат под минималната плата“, изјави Љубиша Јовановски-Претседател на синдикат на Катастар.

„Ситуацијата е неиздржлива, сите овие вработени позади нас кои ги гледате добија повторно под минимална плата, не добија никакво покачување и немаат добиено никакво покачување веќе години наназад. Секоја година просечната плата расте до 5%, минималната порасна 120% во овие десет години, ние немаме добиено ништо. Помлад соработник во 2012 има плата 20.000 денари, сега има 22.000 денари“, рече Трпе Деановски од УПОЗ.

Како што истакна Деаноски, двочасовниот штрајк продолжува и утре, а потоа заедно со членовите на синдикатот ќе се договорат што понатаму. Додаде дека одредени синдикални организации се соочиле со притисоци па затоа во дел од институциите каде што се протестира вработените штрајкуваат на работните места, бидејќи не им било дозволено да излезат пред објектите.

Ставот на Владата е дека по зголемувањето на минималната плата, зголемувањето на останатите плати не може да биде веднаш, бидејќи на тој начин би се предизвикало инфлација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи