Белорусија денес објави список со „непријателски земји“. Покрај земјите-членки на Европската унија, на листата се уште 12 земји – САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Норвешка, Нов Зеланд, Албанија, Исланд, Северна Македонија, Лихтенштајн, Црна Гора и Швајцарија.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша декрет со цел, како што се вели, „да ги заштити националните економски субјекти од задолжување со средства од нивните сметки на барање резиденти на странски земји кои вршат непријателски дејствија против белоруски правни или физички лица“.
Белорусија не учествува во војната на Русија во Украина, но бидејќи Лукашенко се смета за близок до рускиот претседател Владимир Путин и таа е под низа санкции од западните земји.