Светските цени на храната достигнаа рекордно високо ниво во последните 30 години

Facebook
Twitter
Email
Print

Војната во Украина ги потресе пазарите на жито и растително масло, предизвикувајќи светските цени на храната да скокнат на ново рекордно високо ниво во март, соопшти Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

Украина и Русија се главни извозници на основните прехранбени производи, а војната го погоди растителното производство, зголемувајќи ги цените.

Околу 30 отсто од светската пченица доаѓа од Украина и Русија, а конфликтот се одрази на извозот.

„Светските цени на прехранбените артикли значително се зголемија во март и го достигнаа своето највисоко ниво досега, бидејќи војната во регионот на Црното Море предизвика шокови на пазарите за основни житарки и растителни масла“, се вели во соопштението на ФАО.

Индексот на цените на храната на ФАО, кој веќе забележа рекорд во февруари, се зголеми за 12,6 отсто минатиот месец, „што направи огромен скок на ново највисоко ниво од неговото основање во 1990 година“, соопшти агенцијата на ОН.

Русија, исто така, произведува огромни количини на хранливи материи, како поташа и фосфат – клучни состојки во вештачките ѓубрива, кои им овозможуваат на растенијата и посевите да растат.

Нарушувањето на извозните текови како резултат на инвазијата на 24 февруари и меѓународните санкции против Русија поттикна стравувања од глобална криза со глад, особено на Блискиот Исток и Африка, каде што веќе се чувствуваат последици.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи