Денеска во Прилеп, во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на ЏК Сеишин Прилеп се одржа стручен семинар за џудо тренери и џудо судии. Главна тема беше разработување на Измените на правилата кои ќе важат во олимпискиот циклус 2022 – 2024 година.
Предавачи на семинарот беа: Томе Јосифоски, IJF континентален судија актуелен претседател на судиската комисија при ЏФСМ и М-р Дејан Мицкоски, лиценциран тренер и член на стручниот совет при ЏФСМ, во улогата на предавачи ги споделија со своите колеги тренери и судии сите промени кои беа претставени на семинарот за судии и тренери одржан во Лисабон, Португалија.
На семинарот беа присутни околу 40- тина национални тренери и судии од џудо клубовите од Македонија.