Над 150 планинари и љубители на природата од Прилеп, Гостивар, Велес, Кичево, Битола и Скопје денеска беа дел од планинарска дружба по Селечка Планина во чест на Томе Темелкоски. Стартот на турата започна во 9 часот од манастирот Св Димитрија во село Селце, а истата беше долга 10-тина км. со висинска разлика од околу 800м.
Првата пауза беше на локалитетот Домаќинско Чешмуре, Потоа планинари се движеа по сртот на Селечка Планина од каде се упатија на под врвот Чуле и кон планинарскиот дом Томе Темелкоски. И покрај лошите временски услови турата помина во најдобар ред.
322