КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп започна со уписи на нови членови, на играорци и играорки од 7 до 12 години. Заинтересираните можат да се пријават секој понеделник и среда во домот „Спиро Забрчанец“ од 19 часот. Или да остварат контакт на тел. 077-725-743 Славе ии 071-320-249 Горан.
КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп оваа година прославува 75 години од своето постоење. Друштвото е формирано во далечната 1947 година, во месец април, на иницијатива на работниците во прилепскиот Тутунски комбинат. На почетокот функционирале три секции: фолклорна, пејачка и драмска. Од драмската секција потоа произлегол народниот театар „Војдан Чернодрински“.
Во текот на овие 7 децении низ друштвото поминале над 4.000 членови. КУД „Мирче Ацев“ има одржано концерти на сите континенти. Она што најмногу дава поттик за понатамошна работа и егзистенција на КУД „Мирче Ацев“ е тоа што друштвото има голем број млади членови кои ја продолжуваат традицијата и го негуваат македонскиот фолклор. Тие се се најголемата надеж дека македонскиот фолклор и традиција нема да згаснат и дека тие и понатаму ќе бидат презентирани пред светот.