ВИДЕО – Ајде да помогнеме најмногу што можеме – во црквите во Прилеп започна хуманитарната акција за Велигден


По 15 пат за најголемиот христијански празник Велигден во 4-те православни храмови во Прилеп, „Св. Петка“, „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Преображение“ и „Св. Благовештение“ се спроведува хуманитарната акција во организација на неформалната хуманитарна организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски. Од денес па се до празникот Цевтници, односно до недела граѓаните ќе може да донираат парични средства во веќе препознатливите црвени кутии кои се поставени на средината од храмовите. Со собраните средства се купуваат прехранбени производи и хемиски средства кои им се даваат на социјално загрозени семејства. Овен пари граѓаните исто тоа може да донираат и нерасиплива храна.

„Планираме да собере пари и да направиме исто како и лани околу 130 до 140 пакети, се ќе зависи од тоа колкуб средства ќе се соберат. Но како и да е во секој случај она што е собрано ќе се подели подеднакво за да може да се покријат сите овие семејства како и лани за Божик. Исто така граѓаните може да носат и храна која што не се расипува, принципот и ист како и минатата година“, рече Драган Џокоски, неформалната хуманитарна организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски.

Во оваа акција освен граѓаните со свои донации учествува и МПЦ како и бизнис секторот во Прилеп.

„Приватните компании доста не поддржуваат секогаш се со нас. Во оваа акција учествуваат сите цркви во Прилеп  и приватниот бизнис сектор. За Божик акцијата ја правиме скоро сами, во наша реализација, но за Велигден го вклучуваме и бизниси секторот кој ни помага и задоволни сме досега од она што ни е дадено како помош од нивна страна“, додаде Џокоски.

Организаторите упатуваат апел да се соберат што е можно повеќе средства за да може со акцијата да бидат покриени што е можно повеќе семејстава на кои им треба ваква помош.

„Апел секако, за Цветници да ги посетат граѓаните што е можно помасовно црквите во Прилеп, да ги најдат овие каси, како што споменав во секоја црква има по една ваква кутија. Толку колку што можат да одделат од нивниот буџет да донираат, нормално тие парични средства ќе ги искористиме наменски и ќе им ги дадеме на оние како навистина имаат потреба за една скромна трпеза за Велигден и да си го пречекаат достоинствено празникот“, истакна Џокоски.

Вакви акции во провославните храмови во Прилеп се организираат два пати годишно,  за Божик и Велигден, но неформалната хуманитарна организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски функцонира и преку целата година и со парични средства, храна и други намерници им помага на сите оние на им треба помош. Со средствата од оваа акција пакетите ќе бидат направени и поделени до граѓаните идната недела.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи