Министерот за локална самоуправа Горан Милевски соопшти дека Владата го трасира патот за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во Македонија, автопатот Кичево-Гостивар и Битола-Прилеп!
„Присуствував на првата седница на Комитетот за преговори, за склучување на Договор за градење на Коридорoт 8 и Коридорот 10 Д.
На седницата на Комитетот која ја водеше првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, ги усвоивме следните заклучоци:
-се задолжува Министерството за финансии во рок од една недела да номинира членови на тимот за експропријација;
-се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта во рок од една недела да предложи 5 члена на тимот кој ќе преговара со стратешкиот партнер, компанијата Бехтел Енка и
-се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта во рок од една недела да номинира членови на тимот на проектната единица.
Оваа година започнуваме со градба. За прв пат до Битола ќе стигне и модерен автопат, за што сум особено горд“, рече Милевски.
Автопатот ќе биде долг 39,5 км.