ВИДЕО – Ане Ристеска победник на 20-та по пред манифестација „Вешта жена“ во Прилеп


По 20 пат во Прилеп, а по 30 пат на ниво на држава, се одржа манифестацијата „Вешта жена“ на која победник е Ане Ристеска која за прв пат учествива на манифестацијата, а темата на нејзината маса беше „Часовник“.

Освен Ристеска учествуваа на овој натпревар уште 3 други прилепчанки: Јована Најдоска, со тема на масата „Насмевка“ и таа учествува прва година, прва година учествува и Соња Шијакоска со маса на тема „Велигден“ и Соња Бришкоска, со тема на масата „Цветници“ која учествува по трет пат на „Вешта жена“.

Оценките ги даваа публикаа и жирито кое оценуваше според изгледот на масата, главното јадење, погача, торта и вкусот на јадењето.

Идејниот творец на „Вешта жена“ е Снежана Стојановска – Жана. Настанот за прв пат се случил во 1992 година во Тетово и од тогаш се раширил во сите градови од Македонија. Во Прилеп главен организатор на „Вешта жена“ е Менче Костоска.

 

 

Победничката маса

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи