ВИДЕО – „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ – проект со кој ќе се направи обид за намалување на миграцијата


Подобриот квалитет на животот, повисока плата, поквалитетното образование, неможност повеќе да се борат со корумпираниот систем, се само дел од работите поради кои младите веќе со години својата иднина ја гледаат во странство, а тој тренд станува се помасовен. Само доколку се подбрат дел од работите би останале тука.

Соработката која ја немаме ние меѓу нас младите, социјалниот живот кој е намален во последно време и сите тие пороци со кои се соочуваме да ги решиме на еден добар начин. Доколку продолжиме да работиме вака турбо ние младите да си ја креираме нашата иднина би се гледала тука, во спротивно тешко дека ќе сакам да останам тука“, рече Марија Николоска, жител на Крушево.

 

Моите родители се веќе во странство и сакам да продолжам да живеам таму. Овде единствено би ме задржал само фудбалот, доколку ми се пружи добра шанса за кариера ќе останам тука“, кажа Андреј Трајчески, жител на Општина Новаци.

За да се стопираат на некој начин овие погубни процеси за Македонија, 50 млади луѓе од 7 рурални  општини во Пелагониско се дел од проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ и во текот на една година ќе научат како своите идеи да од замисла да ги доведат до реализаицја и како да соработуваат со општините и НВО секторот.

Да креиираме една средина во која нема да се чувствуваат згрчени да го кажат своето мислење, колку и тоа да е контрадиторно тоа со некоја локална политика. Да им дадеме доволно ресурси за да ги искористат како знаење и да кажат дека ова треба да биде вака, знам како е правилно и така ќе го направам“, додаде Емилија Ѓероска, координатор на проектот.

Општините во пелагонискиот регион потпишаа Меморандум за транспарентност и учество на младите во нивното работење.

„И ние како локална самоуправа ќе го дадеме својот придонес, а се со цел да ги задржиме што е моќно повеќе младите тука во Крушево, да го стопираме иселувањето“, изјави Андреј Николоски, претседател на Совет на Општина Крушево.

Со средства од овој проект и на општините годинава ќе бидат отворени две Фитнес Зони на отворено, во Могила и Новаци, 2 паркови во Демир Хисар и Кривогаштани, ќе се уреди спортското игралиште во Лажани во општина Долнени, Крушево ќе добие „Кино на отворено“, а Ресен Младински Хаб за промоција на туризмот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи