Младата писателка Благица Наумова од Прилеп го промовираше своето прво дело „Тајната на Розата Дафне“

Младата писателка Благица Наумова од Прилеп го промовираше своето прво дело, „Тајната на Розата Дафне“ со кое што зачекорува во писателството. Станува збор за млада, амбициозна студентка на универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, која љубовта кон писателството ја стекнала од мали нозе.

„Тајната на Розата Дафне е приказна за двајца вљубени, сродни души поврзани со митот за ловоровото дрво. Ова е книга за љубовта и разумот, за надежта и безнадежноста, но пред се за срцето и за рационалното оревче во главата. Како срцето може да го измами разумот? Дали секогаш успева во тоа? Може ли да се направи баланс помеѓу нив? Нивната моќ е вгнездена во ликовите и лесно се препознава, а последицата само останува да се претпостави“, вели Наумова за нејзиното прво дело.

Според професорката Марија Кулеска, читајќи го ова дело читателот има чувство како повторно да зачекори во свет каде љубовта не е разумна, туку е страст и посакување, можеби сила која му дава смисла на човековиот живот и вредност на неговиот дух. Но, е притоа сила која ги поведува љубовниците кон жртвување. Но дали оваа љубов ќе ги претвори карактерите во жртви на своите дејствувања, останува на читателот да открие.

„Писателката прави една нескротлива нишка на љубовта во средниот век, онаа недостижната, идеалната, забранетата и онаа во Романтизмот, каде ликот бега во својта осаменост, се повлекува сакајќи да живее во споменот на својата сакана“, кажува Кулеска.

Првото дело на младата писателка Благица Наумова, „Тајната на Розата Дафне“ читателите ќе може да го најдат на продажната мрежа на „Викели“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи