Пејо во изминатиов период беше дел од повеќе граѓански акции. Ја чистеше општинската зграда, садеше дрвја кај манастирот Свети Димитрија во селото Ореовец, но изврши и еко патрола каде тој самиот чистеше пред неколку месеци, а ги посети и местата каде екипите на ЈКП „Комуналец“ ги чистеа дивите депонии.
Граѓанскиот активизам и свеста дека мора ние сами да придонесеме за Прилеп да стане подобро место за живеење, се повеќе се развива и граѓаните преземаат голем број акции, на различни полиња, за да се подобри квалитетот на животот.
Но, тука е и граѓанската некултура и немањето на доволна еколошка свест. Дел од местата, каде Пејо го чистеше ѓубрето, фрлено од страна на несовесните граѓани, повторно се затрупани со отпад. А исто така ѓубре повторно се фрла и на местата каде „Комуналец“ пред само неколку недели ги исчисти дивите депонии.