Во текот на вчерашниот ден (19.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 198 возачи. Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 100 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
114