ВИДЕО – Членките на „Преродба“ традиционално ги вапсаа јајцата на Велики Четврток


Традиционално како и секоја година на Велики Четврток Жените од здружението „Преродба“ од Прилеп ги вапсаа јајцата за големиот христијански празник Велигден. Според обичајот на прилепските домаќинки, уште пред изгрејсонце прво се вапсувале три јајца. Секое од нив си имало своја симболика. Првото вапсано јајце го викале Божјарче, бидејќи било посветено на Господ и откако ќе се вапсало се ставало на црвена подлога, па потоа на прозорец за да го огрее првио сончев зрак. Другите 2 јајца биле посветени на за бериќетот на нивите, а третото за имотот. После нив се вапсувале и останатите јајца.

„Првото јајце велигденско се вапсува пред изгрејсонце, домаќинката треба да биди гладна, за да не се разбие моќтаа на тоа јајце. Кога се вапсува прво во водата ставаме малку киселина, па потоа боја, црвена која ја симболизира крвта на Исус Христос. Ова прво јајце е Господово јајце, се става на црвено, а потоа на прозорец да го огрее првио зрак на сонцето. Второ јајце е на домаќинот, а третото за бериќет на домот и за среќа“, вели Илче Илиоска, членка на здружение „Преродба“.

Во Прилеп за Велики четврток се практикуваат и други обичаи. Освен постарите традицијата ја продолжувале и младите.

„Откако ќе се вапсаат јајцата на Велики Четврток кога ќе станат децата тогаш ги капиме и со јајцето ќе го затријаме на лицето и ќе му речиме, црвено, бело, весело и здраво да бидиш. И деца како деца се радуваат. Тој адет отсекогаш се практикувал, од нашите баби, мајки, го практикуваме и ние и го пренесуваме на нашите деца. Во последно време младите многу се заинтересирани за традицјата и постат и се практикуваат и прашуваат како се прави“, рече Ленче Спиркоска, членка на здружение „Преродба“.

Целта на постоењето на ова здружение е токму ваквите традиции да за запазат и зачуваат за идните генерации.

„Во овие тешки времиња кога моралните и семејните вредности се изгубија, буквално се изгубија, оваа традиција за нас претставува многу и нејзиното пренесување на младите. Тоа е и целта на нашето здружение, да се зачиива моралот, традицијата, простувањето, љубовта“,истакна Лилјана Ѓорѓиоска, претседателка на здружение „Преродба“.

Инаку според православната црква на Велики Четврток, за време на Тајната вечера Христос ја воспоставува Светата евхаристија, односно причествувањето, исто така на Велики Четврток тој е предаден од страна на Јуда. Утре е пак е Велики Петок кога верниците ги посетуваат црквите за да се поклонат на Плаштеницата на која е насликано положеното тело на Христос.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи