Непознати сторители вчера го откорнале металниот прозорец од олтарот на црквата во селото Дабница кај Прилеп и ја ограбиле. Земен бил прозорецот, метални предмети и пари кои биле во храмот. Освен црквата крадците ја уништиле и трпезаријата, го искршиле фрижидерот, а од таму ги украле сите лажици, виљушки, ножеви и чаши. Украдено е и металното лавабо, како и металните плочи од големиот шпорет за готвење. Искршена и украдена била и влезната метална врата на една помош просторија до трпезаријата.
На 1 април, непознати сторители нелегално ги исекоа багремовите дрва кои се наоѓаа во дворот на црквата, а кои беа стари по 20-тина години.
Жителите на Дабница се крајно револтирани, велат дека се плашат за својот имот и обвинуваат дека институциите не преземаат буквално ништо за спречување на овие кражби. Бараат итна реакција на надлежните, полициски патроли во селото и поголема заштита на нивните имоти.
142