Велигденска честитка на градоначалникот Борче Јовчески


Велигденска честитка на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.

На сите православни христијани им го честитам големиот празник Воскресение Христово – Велигден. Овој најголем христијански празник е уште поголема можност да шириме позитивни мисли, љубов и разбирање кон сите, и да го чуваме и негуваме нашиот Македонски идентитет, култура и традиција. Токму традицијата е богатството на еден народ па затоа мораме да бидеме сплотени кон зачувувањето на нашето богатство.

Македонскиот идентитет и јазик се неприкосновена реалност на нашиот народ. Тие се наше наследство од претходните генерации и аманет за идните генерации. Посакувам да имате верба, добродушност и искреност во вашите срца затоа што тоа е основата на христијанската вера, сакајте простувајте и во бога верувајте.

Прославете го Велигден со вашите најблиски во мир и благосостојба.

Христос воскресе – навистина воскресе ! Честит Велигден !

Градоначалник на општина Прилеп

Борче Јовчески

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи