ВИДЕО – „Велигденски Кули“ и „Покрсти“ најуникатните обичаи за Велигден во Македонија


Македонски Брод ги има двата најинтересни и најуникатни обичаи за одбележување на Велигден во Македонија. И двата се случуваат на вториот од овој најголем христијански празник. Едниот е наречен „Покрсти“, кој што е црковен обичај, а другиот „Велигденски Кули“ или народниот обичај. Граѓаните тргнуваат во 8 часот утрото од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и пешки, движејќи се во колона, се упатуаат на сите 4 страни околу Македонски Брод, односно западната, северната, источната и јужната страна.

Најзначајниот дел од овој обичај се случува кај месноста Стара Црква, црквата која исто така се вика „Успение на Пресвета Богорица“ и била соборна црква на стариот Македонски Брод. Таа потекнува од 14 век, но во 1870 година се случува трагичен настан тука, загинува еден од мајсторите кои требало да ја покријат црквата и поради тоа жителите на Брод ја градат сегашната црква.

 

Поворката која тргна околу 8 часот од црквата во градот, на ова место стигна по околу час и половина. Прво ја посетија западната страна на градот, а потоа дојдоа тука на северната. Народот движејќи се во колона пее црковни песни, придружени со звуците на македонските народни инструменти како што е гајдата. Потоа свештените лица влегуваат во црквата и упатуваат кратка молитва.

Веднаш потоа се оди кон едно старо дабово дрво каде зпаочнува обичајот „Покрсти“. Имено во дрвото се прави крст, на средината од него со сврдел со отвора дупка каде свештеникот става леб и вино и потоа истата се запечатува.

 

 

 

 

Рано сабајле тргнуваме од дворот на црквата и одиме да правиме литија околу градот. На 4 места се застанува и се прави во дрво, како дрвото што дарува нов живот на пролет, така и ние симболично правејќи крст на одредени дрва и отвораме еден отвор каде што ставаме леб и вино, го прикажува Христовото тело и крв. Потоа тој отвор се запечатува како што бил запечатен и гровот Христов, а потоа по 3 дена он воскреснува како што на пролет воскреснува и природата, така и на пролет е Великден и ни дарува преку смртта во гробот нов живот“, вели отец Саше Костадиноски, архиерејски намесник.

 Дел од старите жители Брод велат дека овој вековен обичај се појавил во времето кога Македонски Брод бил погоден од чума.

За да се спаси Македонски Брод од чумата, наводно според преданијата на некој стар човек му се сонило Македонски Брод да се преора со 2 вола близнаци и 2 браќа близнаци. Од тој момент кога тоа настанало, годиниве наназад тоа се одбележува со овој настан, каде што се оди на покрсти“, рече Љупчо Цветаноски, жител на Македонски Брод.

На ова место секоја година има и домаќини кои за сите присутни даваат ручек. Годинава имаше 7 домаќини. Имено во 3 од сендвичите кои им се даваат на присутните има парички и на тие на кои ќе им се паднат се идните домаќини. А дополнително може да се пријави кој сака. Ѓоко Каранфилоски и Далибор Мисајлески се едни од двајцата домаќини за оваа година.

 

 

 Ова е старата црква на Македонски Брод, кога бил мало село и оваа црква не е доправена затоа што при градбата се случил некој несакан момент. Сега тука се дава ручек во чест на празникот Великден. По прв пат сум домаќин, значи паричка се паѓа во сендвичите, а некој може и доброволно да прифати да пристапи во кумството на организацијата.

 Какво е чувството да се биде домаќин на еден ваков уникатен настан кој е навистина редок во Македонија?

 Супер е чувството, да биде се во ред, не послужи времето годинава да имаме убаво време и мислам дека убаво ќе поминеме“, истакна Далибор Мисајлески, домаќин за оваа година на овој настан.

 

Имавме среќа 2 пати да ни се падни паричката, претходниот пат бевме кумови во 2019 година, но поради пандемијата 2 години со ред стагнираше овој адет и сега сме повторно кумови. Чувството е навистина убаво, сега треба да ги пречекаме тие што се тргнати од нашата црква долу, треба да ги заклинат светите дрва и да стигнат тука, ние да ги пречекаме и со мала закуска, со ручек, со музика, ора и песни да прославиме“, додаде Ѓоко Каранфилоски, домаќин за оваа година на овој настан.

Литијата потоа ги поминува и другите 2 преостанати места каде се заклинуваат крстови и околу пладне се среќаваат пред црквата во Македонски Брод заедно со учесниците на дефилето од Велигденскиот концерт кој исто така се одржува во дворот на црквата по повод овој ден. Годинава учествуваа 8 културно уметнички друштва од повеќе градови од Македонија.

 

 

 

Пред да се изнесуваат кулите имаме еден стар традиционален обичај, Каленчица, единствен во Македонија, каде што учесниците од КУД „8 Септември“ под марами ќе го направат величествениот шпалир каде целото население што во моментот е во дворот на црквата за бериќет, здравје, среќа ќе треба да се протнат под тие марами, а учесниците ќе ја пеат песната Каленчица, кален број мален број“, изјави Милена Стојческа, етнолог и директорка на Домот за култура во Македонски Брод.

 Откако ќе заврши обичајот наречен „Каленчица“ започнуваат да се формираат „Велигденските Кули“, составени од 5 мина во првиот ред и 5 мина во вториот ред од кулата кои им стојат на рамениците на оние од долниот дел. Овие кули имаа свое симболично значење.

 Броѓани кај високата порта во Цариград, кај големиот везир испратиле писмо за еден ден во годината ако можат достојно да го прослават онака како што тие си го замислувале. Тој ден го одбрале вториот ден од големиот христијански празник, Воскресението Христово Великден. Овој обичај е носење на кули кои го симболизираат на горниот дел Македонскиот народ кој бил во ропство тогаш, а долниот дел ги симболизира Османлиите“, кажа отец Саше Костадиноски, архиерејски намесник.

 

 „Кулите се 2 ред, 5 долу, 5 горе. Долните ќе бидат како што се договориле,Турците, а долните ќе бидеме ние. Демек доста тие не газеа, сега ние да ги прегазиме малку. Тоа веќе било во зорите на ослободувањето, во зорите на повлекувањето на Турците, оние Балкански војни во 1912-13 што биле. Тоа се случувало тие години, кога се појавило комитството, кога се појавиле комити, војводи, така да и од нашето место овде имало комити и од Сланско и од Самоков, од сите села имало луѓе кои се бореле за денешнава слобода“, вели Добривој Силјановски, жител на Македонскии Брод.

 

 

 

Додека „Кулите“ се движат од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ кон месноста „Средсело“ или центарот на поранешниот Македонски Брод, учесниците на тие „Кули“ пејат македонски песни. Секоја година има различен број на „Кули“ во зависност од тоа колку има луѓе кои ќе се пријават да бидат дел од настанот. Најмногу се до 5 кули.

По кој пат учествувате?

 Не знам по кој пат, скоро редовно сум на кулите.

 Какво е чувството кога ќе го изодиш целиот овој пат?

 Патот на слободата го одиме едноставно, за кој се бореле нашите предци, што на овој ден бил откупен со злато од богатите мештани“, рече Горан Грујоски, учесник на манифестацијата „Велигденски Кули“.

 

Многу убаво чувство, подобро не може да биде. Се одржува традицијата се уште, ова е единствена манифестација во Македонија и се надевам дека ќе остане и уште повеќе да се негува.

По кој учествувате на оваа манифестација?

Јас дете, од мал, откако памтам и сум бил на кулите многу пати, и долу и горе. Убаво е чувството после тоа, се осеќа човек горд“, додаде Славе Блажески, учесник на манифестацијата „Велигденски Кули“.

 

 

 

 Кога сите „Кули“ ќе пристигнат на „Средсело“ се продолжува со чествување на празникот со традционачни македонски песни и ора.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи