Двајца прилепчани повредени во вчерашната сообраќајка на Плетвар

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 14:20 часот се случи на Плетвар.

Од МВР информираат дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина на крстосница за с. Раец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Волво“ со албански национални ознаки, управувано од Л.Д.(50) од Република Албанија и патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.М.(48) од Прилеп.

„Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило К.М. и сопатникот Е.А.(41) од Прилеп, констатирани во болницата во Кавадарци“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи